Титулата на Вардар ко да нема тежина за ФФМ: Само Спировски кандидат од шампионот!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги објави кандидатите за признанијата за најдобри во македонскиот фудбал за сезоната 2016-17.

Поточно, објавени се петте категории кои ќе бидат ставени на гласање од јавноста, а останатите ќе ги одредат специјални комисии од ФФМ. Меѓутоа од петте кои се достапни за јавноста уште во првата доаѓаме до спорен момент.

За најдобар фудалер номинирани се Бесарт Ибраими и Ферхан Хасани од Шкендија и Стефан Спировски од Вардар. Чудно е како само еден играч од редовите на шампионот, кога, обично, титулите се појдовен критериум за доделување награди. Ибраими беше најдобар стрелец во минатата сезона, со 20 гола, но Хасани постигна 13, само два повеќе од Дејан Блажевски и Џонатан Балотели од Вардар, на пример или, пак, од Фелипе, кој имаше девет, но беше мозок во играта на вардарци.

За најдобар фудбалер во женската прва лига номинирани се Илза Маскути (АС Јунајтед), Јана Чубриновска (СЦ Истатов) и Александра Ристовска (Тиверија), а за најдобар млад фудбалер ќе конкурираат Елиф Елмас за настапите во Работнички, Јани Атанасов од Академија Пандев и Енес Фазлагиќ од Шкендија.

Горан Станковски за кадетската екипа на Работнички или Беким Османи за младинците од Шкендија ќе добијат награда за најдобар младински тренер, а трката за најдобал футсал играч ќе ја водат Еркан Сефери (Шкупи 1927), Александар Глигоров (Велес) и Драган Петровиќ (Велес).

Ова се петте категории за кои јавноста може да гласа, а за останатите, како на пример тренер на годината, најдобар фудбалер во странство, решава ФФМ.

Онлајн-гласањето се одвива на овој линк.