Шумахер комуницирал само со очи, а го посетувале само три личности!
Тој во моментов се наоѓа на Мајорка, каде што неговата сопруга Корина пред три години купи вила вредна 30 милиони евра. Изминатиов период се појавуваат само непроверени информации, а последните се од сопругата на Флавио Бриаторе, која откри досега непознати работи.
„Михаел комуницира само со очи, а во негова близина може да бидат само уште три личности надвор од семејството. И, никој друг“, изјави Елизабета Грегораци.