И покрај високата цена: Вардар веќе инкасира 100.000 денари од билети за реваншот со Малме!

Малме и Вардар утревечер (19 часот) во Шведска ќе го одиграат првиот меч од двобојот за третото коло во ЛШ, а веќе една недела се продаваат билетите за реваншот во Струмица, меч кој од двата табора веќе подолго време се потенцира дека ќе биде решавачки за патникот за следната рунда.

Вардар веќе една недела ги пушти билетите во продажба преку продажната мрежа на тикет-плус и според последните информации, по една недела досега се продадени 200 билети, што е некаде околу пет отсто од капацитетот на стадионот „Младост“, кој собира нешто повеќе од 5.000 гледачи. Тоа значи дека во клупската каса досега се слеани 100.000 денари, но се очекува од четврток сумата да биде уште поголема.

Колку билети ќе се продадат најмногу ќе зависи од утрешниот прв дуел, а за очекување е дека и покрај скапите билети, добар резултат од Шведска ќе го наполни стадионот до последно место.

Вардар за овој дуел стави исклучително висока цена на билети, 500 денари, што наиде на огромно незадоволство кај вардаровите навивачи, особено што во последните пет години откако црвено-црните се вратија на меѓународна сцена, цената не надминала повеќе од 200 денари за мечевите во оваа фаза. Дури и билетот со Рома пред 13 години, во најдобрата европска сезона на вардарци беше поефтин од овој за Малме (400 денари).

Околу 250 навивачи на шведскиот првак Малме ќе гостуваат во Струмица на реванш дуелот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите против Вардар, откако толкав број на билети побарале од таборот на шведскиот првак.

Реваншот на стадионот „Младост“ ќе се игра идниот вторник од 18 часот.