Норвежаните пред Вардар: На исто ниво сме, ќе биде тешко!
Првиот напаѓач на клубот, Никлас Бендтнер сигурно ќе игра, иако имаше ситна повреда по мечот против Лилестром (3-0), на кој постигна гол, а во иста ситуација е и Самуел Адегбенро и Пал Андре Хеланд, најави тренерот Каре Ингебритсен.
Ингебритсен посочи дека Вардар е добра екипа и дека црвено-црните се на исто ниво како и неговиот тим.
„Тие ги победија Малме и Фенербахче, па тоа значи дека без сомнение не очекува тежок меч. Но, ние одиме офанзивно за да победиме“, истакна Ингебритсен.
Розебнорг загуби со 0-4 од Реал Сосиедад во првото коло, на гостувањето во Сан Себастијан, а Вардар со убедливи 0-5 во Скопје беше поразен од руски Зенит. Капитенот на тимот, Мике Јансен најави „голема борба“ и психолошка подготвеност за да се нападне противникот.
„Ние сме подготвени за борба, а во памет ни е само да нападнеме. Одиме во напад и веројатно е дека ќе биде сега поразлично во однос на дуелот со Реал Сосиедад. Во последно време гледаме дека новите играчи се подобро се вклопуваат во тимот, играме се повеќе колективно, за разлика од летоска“, посочи Јансен.