Пакета: Тоа се само шпекулации, среќен сум во Милан
Откако тој си замина од таборот на „росонерите“ се појавија шпекулации дека ќе се обиде да го донесе со себе во Париз и сонародникот. Сепак младиот 21-годишен фудбалер, вели дека нема намера да си замине од Милано.
„Шпекулациите за трансфер во ПСЖ се само шпекулации, ништо друго. Јас сум среќен во Милан, само што пристигнав и натаму се адаптирам. Сакам да имам добра сезона за да можам да напредувам во кариерата“, вели Пакета.
Тој подоцна ќе им се приклучи на подготовките на Милан, бидејќи беше дел од бразилската репрезентација на Копа Америка.