Дисингер: Очекуваме 100.000 луѓе на дочекот во Скопје
Иако доживеа повреда против Загреб на завршниот турнир во СЕХА-лигата, тој со брза рехабилитација успеа да се врати на теренот пред турнирот во Келн. Дури и ја одложи операцијата на раката само да настапи во завршницата од Лигата на шампиони.
„Мислам дека треба да очекуваме 100.000 луѓе низ улиците на Скопје. Нашите фанови не подржуваат како 'луди'“, изјави Дисингер.