Вардар нема да плаќа за Арената, се сели во Маџари!

Македонскиот фудбалски шампион Вардар во следното шесто првенството коло ќе ја пречека Ренова на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари.

„Црвено-црните“ се разочарани од новите цени за изнајмување на арената „Филип Втори“ за што се пожалија на прес-конференција во петокот во своите клупски простории. Очигледно е дека клубот нема намера да плаќа превисока цена за натпреварите во домашното првенство, а истото би го направил и во Лигата на Европа, но нема друг избор, односно не смее да го смени местото на одигрување на натпреварите од групната фаза.

Вардар сезонава ќе користи трет различен стадион како домашен терен, бидејќи освен на „Филип Втори“, беше домаќин и на „Ѓорче Петров“ против Победа.