„Лазо, ако некогаш умреш, ќе мора да те прогласиме за – кошаркарски светец!“
Меѓу нив беше и повеќекратниот европски шампион, Божидар Маљковиќ, кој денеска беше присутен и во улога на прв човек на Олимпискиот комитет на Србија. Тој кажа неколку ангдоти поврзани со поранешниот стратег на Работнички, МЗТ Скопје, Олимпија, Арис...
„Лазо, ти беше авангарда во тренерската професија. Измисли многу работи, имаше новини во контранападите, пресингот по цел терен, односот кон судиите. Ти си авангарда и по бројот на играчи, си играл и со четворица, но и со шестмина. Од сите нас, ти прв почна да се занимаваш со разубавување на кошаркарите, па дури и на полувреме ги тераше да ги бричат брковите за да ја добиеш средбата (популарна анегдота од времето кога Работнички гостувал во Франција-н.з.). Ако некогаш умреш, ве молам погребајте го на некое брдо од каде што и понатаму ќе може да ги гледа средбите на пионерите, младинците, сениорите. Неговиот гроб да би биде светилиште, да одите таму како кај кошаркарски светец. Но, повторувам, сето ова е само ако некогаш умреш“, кажа Маљковиќ пред преполната сала во хотелот „Александар Палас“.
Свечената академија на едно место спои големи легенди од просторот од Словенија до Грција, а чест на Лечиќ му укажаа речиси сите што се занимаваат со кошарка во нашата држава. Меѓу гостите беше и премиерот, Зоран Заев.