Манчестер сити и Тотнем за само 11 минути испишаа историја во ЛШ!

Манчестер сити и Тотнем одиграа феноменален натпревар (4-3) на „Итихад“ во реванашот од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), а само во првите 11 минути беа забележани дури четири погодоци.

Најпрво мрежата на Тотнем ја погоди Рахим Стерлинг, по што следуваше пресврт, односно два погодоци на Хеунг-Мин Сон за 2-1 за лондонскиот клуб до 10. минута, а само една минута подоцна Бернардо Силва погоди за 2-2.

Токму овие фантастични 11 минути испишаа историја во ЛШ бидејќи ова стана првиот натпревар во кој биле постинати четири голови за толку кратко време.