
Максимов како Нејмар – сам си го платил трансферот!
Максимов поради проблемот со Тракаи не можеше да биде регистриран за Лига Европа, а сега црвено-црните чекаат од ФИФА да го добијат сертификатот за да го регистираат за домашните натпреварувања.
„Со Максимов ситуацијата беше јасна, тој имаше договор со Тракаи, но и откупна клаузула од 50.000 евра, кои мораше сам да си ги плати за трансферот. Ние од менаџерот бевме предупредени дека Тракаи може да прави проблем и дека можеби нема да успееме поради тоа да го регистрираме во УЕФА. Максимов сам си го плати трансферот. Тој замина во Москва за да им префрли пари на Тракаи. Тој сега е слободен. Парите ги плати според клаузулата“, обелодени Самсоненко.
Сега Вардар чека од ФИФА да издаде сертификат за Русинот да го засили нападот на црвено-црните за продолжението на сезоната во Првата лига. Најдоцна до 1 октомври, ако Тракаи се жали на одлуката, би требало да биде комплетирана процедурата.