ФФМ на албанските навивачи им даде сектори на две трибини! (ФОТО)

Македонија и Албанија го играат дуелот од 8. квалификациско коло во мундијалскиот циклус вечерва на стадионот „Младост“ во Струмица, кој не е исполнет до последното место, а зачудувачки е дека има два дела од стадионот наменети за албански навивачи.

Иако првично беше најавено дека на гостите им следуваат 450 билети и дека за нив ќе има одреден простор, Фудбалската федерација на Макеоднија им даде две позиции на стадионот, па на едната, дел од централната трибина има 50-на гледачи, а околу 200 навивачи од Косово и од Македонија се сместени зад голот и практично држат цела една трибина празна поради безбедносни причини.

Нејасно е зошто ФФМ не ги смести сите навивачи на истата трибина, па на трибината спроти централната, же имаше повеќе место за македонските фанови. Вака се неискористени околу 500 столчиња.