Боемска ечи од песна: Вардаровите фудбалери ја пеат „Ој Вардаре Македонски“ (ВИДЕО)
Вардарци синоќа прославија на аеродромот, но попладнево на Боемска улица во Дебар Маало еуфоричното расположение и радоста продолжи со спектакуларно славје. Боемска попладнево ечи од песна, а вардарци во еден глас ја отпеаа „Ој Вардаре Македонски“. Емоциите по историскиот успех и по втората победа во Истанбул со кој заверија европска есен допрва ќе излегуваат на виделина, особено што Македонија дочека да види и фудбалски успех.
Црвено-црните ги дознаа и ривалите со кои ќе се соочат во слендите три месеци, руски Зенит од Санкт Петербург, шпански Реал Сосиедад и норвешки Розенборг.