Србинот Вања Марковиќ го засилува средниот ред на Вардар?! (ВИДЕО)

Српскиот фудбалер Вања Марковиќ, кој настапува како дефанзивен играч за врска е многу блиску до трансфер во македонскиот шампион Вардар.

Дознаваме дека младиот фудбалер, кој потекнува од школата на белградски Партизан, а досега беше член на полскиот прволигаш Корона Кјелце, е веќе во Скопје и деновиве треба да ја има промоцијата во црвено-црниот клуб.

Во неговата кариера досега има настапувано за Земун и за холандски Венло, но во младинските категории. Моментална вредност на пазарот му е 200.000 евра.