Фотографијата на резервистот на Манчестер јунајтед, Маруан Фелаини, на која е фатен одблиску и на која речиси е непрепознатлив дефинитивно може да биде избрана за момент на вечерта на Суперкупот помеѓу „ѓаволите“ и Реал Мадрид, делумно и како доказ за сиот натчовечки напор и огромните емоции со кои сите фудбалери настапуваат во натпреварувањата од највисок ранг. Едноставно, фото-убод кој тешко може да се повтори.