Нишикори немаше сила, Ѓоковиќ со пресврт се пласираше во полуфиналето!
Нишикори одлично го почна натпреварот, па му дозволи на Србинот да освои само два гема во првиот сет и го освои со 6-2.
Сепак, иако делуваше изгубено во првиот сет, во вториот Ѓоковиќ покажа многу подобра игра, па по 76 минути игра го освои сетот со 6-1.
Во третиот сет гледавме најмногу возбудувања. Најпрво Ѓоковиќ направи брејк за 2-1, но Јапонецот во наредниот гем израмни на 2-2.
При резултат 3-2, српскиот тенисер спаси брејк-топка, а до крајот на мечот направи уште два брејка и стигна до конечни 6-3.
Во следниот меч, Ѓоковиќ ќе игра против Рафаел Надал, кој претходно беше подобар од Фабио Фоњини со 2-1 во сетови, односно 4-6, 6-1 и 6-2.