„Нејмар се кае што ја напушти Барселона за ПСЖ“
Бразилецот минатото лето за 222 милиони евра ја напушти Барселона за да потпише за „светците“, но според зборовите на еден од челниците на „каталонците“, тој се кае за трансферот.
„Нејмар може да потпише каде сака“, вели Бордас. „Јас лично, не размислувам за тоа дали Нејмар ќе потпише за Реал Мадрид. Очигледно е дека не е премногу среќен во Париз, тоа јасно се гледа. Во Барселона му одеше добро и мислам дека се кае што ја напушти Барселона“, изјави директорот на каталонците.