Ниту Алегри, ниту Енрике: Арсенал најде интересно решение!?
Поради најновите случувања, управата на „топчиите“, поточно Иван Газидис и Џош Кроенке најдоа друго решение, а станува збор за Микел Артета.
Поранешниот фудбалер на Арсенал ја почна својата кариера, па сега му е асистент на Пеп Гвардиола, но уште за време на неговата кариера како играч, Арсен Венгер зборуваше дека Шпанецот би можел да стане одличен стратег.
Наводно, управата почнала преговори со Артета, а доколку не успеат да се договорат со него, тогаш како алтернатива им останува Патрик Виера, кој и претходно беше споменуван како можна замена за Венгер.