Шкендија пее: Ајде Вардар, пуши ми го к....! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкендија еуфорично ја прославија денешната победа на гостувањето кај Вардар (3-2), за што најдобар пример е видеото кое се појави на социјалните мрежи направено во нивната соблекувална на арената „Филип Втори“ во Скопје во кое го навредуваат противникот.

Тетовци во навивачки стил со цел глас скандираа „Ајде Вардар, пуши ми го к....“ покажувајќи колку всушност им значи овој триумф, без разлика што тој не е доволен и официјално да се промовираат во нов шампион на Македонија.

Својот непрофесионализам тие го потврдија и со кршењето во соблекувалната, што убаво може да се види на видеото кое самите го објавија.