Чедомир Јаневски поднесе оставка!
„Црвено-црните“ на последните пет натпревари во домашниот шампионат имаа само една победа и четири ремија, а „чашата ја прели“ нерешниот резултат со Шкупи вчера на „Филип Втори“.
"Сѐ ќе се знае во текот на денот, тука сме со Чеде во базата, ако има нешто, ќе објавиме во текот на денот", ни изјави дипломатски Самоил Симев, директорот на Вардар.
Ова е уште еден голем потрес во тимот, откако пред неполн месец си замина и Бразилецот Фелипе, најдобриот играч на Вардар.