Крај на шпекулациите: Еден од најдобрите фудбалери на Реал потпиша нов договор!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид му ја продолжи соработката на турскиот репрезентативец Арда Ѓулер и стави крај на шпекулациите за негово можно заминување од „Сантијаго Бернабеу“.

„Кралскиот клуб“ потврди дека 21-годишниот офанзивен играч за врска ќе остане во екипата до 30 јуни 2032 година, иако во претходните денови се појавија шпекулации дека ПСЖ за него ќе понуди дури 200 милиони евра.

Ѓулер пристигна во Мадрид во летото 2023 година од Фенербахче, а досега одигра 126 натпревари во дресот на „кралевите“, при што постигна 22 гола и 32 асистенции.