Македонските фудбалерки ги дознаа термините за натпреварите во Лигата на нации!
Избраничките на селекторот Александар Андов ќе ја почнат новата мисија на 2 март следната година, и тоа на домашен терен против Андора, а четири дена подоцна ги пречекуваат фудбалерките на Фарски Острови.
Потоа следи натпревар на 20 април против Израел на гостински терен, а четири дена подоцна ѝ гостуваме на Андора.
Во последниот круг на натпревари, Македонија ќе биде домаќин на Израел на 11 јуни, а потоа на 15 јуни му гостува на Фарски Острови.
Пласман во повисок ранг од Лигата на нации обезбедува селекцијата која ќе го освои првото место во групата додека двете најдобро второпласирани репрезентации играат бараж со двата најдобри тима кои во Б конкуренцијата ја освоиле третата позиција.