Седлоски околу можната оставка: Да преспиеме, па ќе видиме...
По лошите резултати почна да се зголемува притисокот врз селекторот, кој по поразот од Словенија се извини за лошите резултати.
„Цела година немаме победа. Ѝ се извинив на македонската јавност за лошите резултати. Оставка? Да преспиеме, па ќе видиме како ќе биде и што ќе биде понатаму“, кажа Седлоски.
Селекторот посочи и дека натпреварите кои ги играле пред домашната публика биле без желба и агресија.
„Овие натпревари кои ги игравме дома беа некако без желба и агресија, тешко ни е и на мене и на играчите. Не знам зошто домашните натпревари ги играме вака лошо. Кога играш за репрезентација не е важна формацијата, туку на теренот треба да почувствуваш што треба да правиш“, вели селекторот.