Малус го напушта Вардар и се сели во - Швајцарија?!
Словенечките медиуми објавија дека средниот бек е на излезна врата од скопскиот клуб, а тие како потенцијални дестинации за Малус ги споменуваат Целје, Слован и Тримо Требње.
Малус пристигна во Вардар како засилување од кое се очекуваше да донесе дополнителен квалитет и креативност во бековската линија, но во меѓувреме се наметна како важна опција во составот на „црвено-црните“, па неговото евентуално заминување ќе биде голем удар за македонскиот шампион.
Засега не е познато дали словенечкиот ракометар би го напушти Вардар во текот на сезоната или по завршување на истата.