Седлоски: Не заслуживме пораз, овој меч го реши судијата и ВАР-от!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби од Шкотска со 2-1 во натпревар во кој одигра добро второ полувреме.

Според селекторот Седлоски клучна улога за победата на домаќините одиграл ВАР-системот. Ќе потсетиме, Шкотска доби пенал по еден дуел на Димитриевски со противнички фудбалер.

„Честитки до Шкотска и до моите фудбалери кои работеа на теренот и даваа се од себе. Овој натпревар го реши ВАР, нема што да им замеам на момците, одиграа одличен натпревар, кога играте со ваква репрезентација мора да сте на високо ниво, тие ги искористија своите шанси и дојдоа до победата.

Полека, полека фудбалерите ги разбираат моите замисли, жално е за резултатите, добро е за фудбалерите што дадовме гол бидејќи цело време се спомнуваше, знам дека тие можат повеќе. Ние со ваква игра можеме да се носиме со силни репрезентација. Одигравме машки и борбено, го исполнија тоа што барам, го оставија срцето на теренот, штета што загубивме, се надевам на подобри денови.

Следниот предизвик за Македонија е веќе за три дена кога ќе играме против Словенија на домашен терен.