Распад-систем во Белград: Раул си замина од Партизан!
Партизан имаше амбициозни планови, но ситуацијата драстично се промени и клубот се соочи со финансиски проблеми, па поради тоа Шпанецот реши предвреме да го напушти кормилото.
„По денешната седница на Управниот одбор и оставката на претседателот, одржани се и состаноци со стручниот штаб и ракометарите. Тренерот, кој пристигна ова лето во клубот, реши да го раскине договорот, па до крајот на сезоната екипата ќе ја води Марко Павловиќ“, соопшти Партизан.