„Миовски не е избришан, тој нема минутажа во клубот и затоа не е повикан!“
Тој потенцираше дека главниот критериум за добивање повик е редовната минутажа во клубовите. Токму поради тоа, на списокот не се најде напаѓачот Глазгов Ренџерс, кој подолг период не добива прилика за настап во дресот на шкотскиот премиерлигаш. Селекторот појасни дека играчот не е трајно отстранет од националниот состав, но дека ќе мора да се избори за поголема клупска минутажа доколку сака повторно да биде дел од репрезентацијата.
Најголемо внимание на средбата со новинарите предизвика и острата забелешка на Седлоски за дисциплината, директно прозивајќи ги фудбалерите кои репрезентативните собири ги третираат како туристички прошетки пред враќањето во своите клубови.
„Миовски подолго време нема минутажа во Ренџерс и затоа се одлучив за овие четворица. Тој не е избришан од составот, но кога ќе има поголема минутажа ќе биде со нас. Нема тука лутење. И мора да се промени односот бидејќи кога ќе дојдеш тука мора да знаеш како да се однесуваш и тука сум разочаран од играчите. Доаѓаат тука да се прошетаат и да си заминат во клубот. Нема веќе на никого да му простувам и се знае како се бориш за тој дрес. Игравме со Шкотска и Словенија и знаеме за какви репрезентации станува збор. Да ги поправиме грешките од тие мечеви. Барам од играчите да има моторика и дисциплина во играта. Списокот што го објавив се играчи кои имаат минутажа и затоа ги избрав овие 26 фудбалери.“, изјави Седлоски.
„Црвено-жолтите“ ноемврискиот циклус од Лигата на нации го почнуваат со гостување кај Шкотска (13 ноември), а три дена подоцна ќе ја пречекаме Словенија во Скопје.