Нова магија на Меси - издрибла тројца ривали и постигна гол (ВИДЕО)

Лионел Меси уште еднаш покажа дека годините се само бројка за него, откако донесе победа за Интер Мајами против Њу Ингланд Револушн (2-1).

Домаќините постигнаа гол преку Даниел Газдат, а потоа Интер Мајами возврати во второто полувреме кога Меси му асистираше на Герман Бертераме.

Аргентинецот во 83. минута повторно ги презема работите во свои раце и издрибла тројца противници, по што ја затресе противничката мрежа.