Чуамени го промаши цел гол и погоди дете во публика (ВИДЕО)

Фудбалерот на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени се најде во центар на внимание откако со силен удар погоди дете во публиката, но по натпреварот со Расинг Сантандер го пронајде и му подари дрес.

Францускиот фудбалер упати удар кон голот на Сантандер, но топката заврши далеку зад голот и во главата на момчето кое го следеше натпреварот.

Чуамени реши да реагира по натпреварот и со неговиот дрес барем малку да ја намали болката кај детето.