Директор на Баерн со нови детали: Компани ќе остане во болница уште неколку дена!

Тренерот на Баерн Минхен, Винсет Компани колабираше на тренинг, по што беше пренесен во болница, а директорот на клубот, Макс Еберл открива нови детали за здравствената состојба.

Еберл кажа дека здравјето на белгискиот стратег е поважно од фудбалот и затоа ќе му дадат време колку што е потребно.

„Добрата вест е дека неговата состојба е стабилна. Разговаравме вчера, а разговарав и со неговата сопруга. Ова не беше пријатен момент за никого. Тој колабираше, заврши во болница и ќе остане таму уште неколку дена. Ова уште еднаш ни покажува дека фудбалот не е најважната работа во животот. Најважно е здравјето“, изјави Еберл.

Компани и претходно имал здравствени проблеми поради вирусна инфекција, поради која пропуштил неколку тренинзи.

Фото: Facebook/FC Bayern München