Хаос и тепачка помеѓу шкотските и македонските навивачи - на меѓусебниот пријателски меч! (ВИДЕО)

Место фудбалско дружење и загревање за вечерашниот дуел меѓу Македонија и Шкотска, утринскиот натпревар меѓу навивачите на двете репрезентации заврши со инцидент и прекин.

Мечот требаше да биде можност македонските и шкотските навивачи да се дружат во спортски дух пред големата пресметка, но атмосферата на теренот се претвори во конфликт. Во еден момент дојде до физичка пресметка меѓу учесниците, по што натпреварот мораше да биде прекинат.

Ситуацијата дополнително ескалираше, па на теренот интервенираше полицијата со цел да ги раздели двете страни и да спречи продолжување на инцидентот. Во моментот кога беше прекинат натпреварот, резултатот беше 1-1. По случувањата на теренот, немаше услови играта да продолжи, па пријателскиот меч беше и официјално завршен со тој резултат.