Фудбалерите тргнаа кон Љубљана - против Словенија да се подобри впечатокот од Скопје (ФОТО)
Избраниците на селекторот Гоце Седлоски патуваат со желба да го подобрат впечатокот по завчерашниот убедлив пораз на домашен терен против Швајцарија (0-3). Словенците се можеби идеален противник за вакво нешто, без разлика што ќе се игра на нивни терен, со оглед на нивната бледа партија на стартот против Шкотска (0-0).

Без разлика на ситуацијата, расположението во националниот тим е добро, а мислите се насочени кон конечно покажување на сиот потенцијал со кој располага Македонија, а кој воопшто не е мал.






