Исповед на херојот од СП: Сакам пак да бидам анонимен - славата ми го уништи мирот!
Искусниот голман, кој со своите епски интервенции на СП 2026 година стана глобална сензација и заработи номинација за престижната награда „Лав Јашин“, отворено изјави дека длабоко жали по својот некогашен мирен живот и анонимноста која ја уживаше пред планетарниот собир. Неговата животна приказна доживеа тектонско нарушување за време на Мундијалот, кога малата, но исклучително горда островска нација дебитираше на најголемата сцена по шест неуспешни обиди.
Зеленортските острови испишаа историја останувајќи непоразениво групната фаза со херојски ремија против гиганти како Шпанија (0-0) и Уругвај (2-2), како и против и Саудиска Арабија (0-0). Токму против „црвената фурија“, Возиња имаше седум брилијантни одбрани, а неговите магии продолжија и во осминафиналето каде што Аргентина и Лионел Меси беа доведени до самиот раб пред да слават со по продолженија (3-2). Со вкупно 18 одбрани и 78 проценти на успешност, надминувајќи го дури и бразилскиот ас Алисон, тој беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на два натпревари. Сето ова резултираше со експлозија на социјалните мрежи, каде што неговиот Инстаграм профил преку ноќ скокна од скромни 50.000 на вртоглави 20 милиони следбеници.
„Веќе немам никаков личен простор, или барем е многу помал од претходно. Сега излегувам, одам во ресторан и секогаш има некој што сака да се фотографира со мене или ме моли за автограм. Или уште полошо, некој ме слика без прашање. Го загубив мојот мир и тишина. Многу луѓе сакаат да бидат славни и да имаат јавен профил, но тие ја гледаат само позитивната страна на оваа реалност. Искрено, ако ми го понудат животот што го имам денес, или оној што го имав претходно, би го избрал тој што го имав претходно“, се исповеда Возиња.
И покрај личните драми предизвикани од ненадејната популарност, која го следи дури и во чилеанскиот гигант Коло-Коло, со кого потпиша краткорочен договор откако претходно настапуваше далеку од очите на јавноста во втората португалска лига, тој не ја загуби огромната љубов кон националниот дрес. Возиња неодамна ја повлече одлуката за репрезентативна пензија со цел да им помогне на Зеленортските острови во квалификациите за Купот на африканските нации.
ФОТО: FACEBOOK / Memorias del Fútbol