Неверојатен проект во Англија: Нов стадион ќе се гради со тули од стара болница (ВИДЕО)

Поранешниот премиерлигаш Бирмингем Сити подготвува проект за нов стадион кој привлекува големо внимание не само поради неговите огромни димензии, туку и поради материјалот што ќе биде искористен во неговата изградба.

Новата арена треба да има капацитет од 62.000 гледачи и да биде дел од голем спортско-забавен комплекс, но најинтересниот дел од проектот е поврзан со историјата на градот.

За изградбата ќе бидат искористени околу еден милион тули од поранешната Градска болница, стара повеќе од еден век која беше затворена во 2024 година. Тулите ќе бидат повторно употребени во 12 големи кули со форма на оџаци околу стадионот.

Според планот, новиот дом на Бирмингем треба да биде завршен до почетокот на сезоната 2030/31.