Скандалозен потег: Израелец „пукаше“ по постигнат гол, па веднаш беше исклучен! (ВИДЕО)

Скандалозна сцена беше забележана на натпреварот меѓу Австрија и Израел во Лигата на нации, откако израелскиот репрезентативец Саид Абу Фархи за само една минута премина од херој во исклучен фудбалер.

Абу Фархи во 55. минута го постигна голот за израмнување на 1-1, но радоста траеше многу кратко. При прославата тој направи гест кој изгледаше како симулација на пукање, по што судијата Георги Кабаков му покажа втор жолт картон и го испрати во соблекувалната.

На социјалните мрежи голем број луѓе побараа доживотна суспензија поради неговиот потег.