Ибрахимовиќ му се изнасмеа на Мбапе: „Зборува како крал, а листот празен“

Златан Ибрахимовиќ остро ги коментираше тврдењата на Килијан Мбапе дека заслужува да ја освои Златната топка и дека никој немал подобра сезона од негo.

Шведската фудбалска легенда не се согласи со Французинот и смета дека трофеите и конкретниот учинок мора да имаат голема тежина при изборот на најдобриот фудбалер во светот.

„Вели дека ниту еден играч немал подобра сезона? Смешно. Зборува како крал, а листот му е празен. Не освои ништо. Во меѓувреме, Хари Кејн не зборува многу. Тој испорачува бројки, го носи својот тим и освојува трофеи“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментарите на Швеѓанецот дополнително ја вжештија дебатата околу главниот фаворит за престижното индивидуално признание. Мбапе смета дека неговата статистика и настапи се доволна аргументација, додека Ибрахимовиќ очигледно поголема тежина им дава на освоените трофеи и влијанието врз тимот.