Барса ѝ даде пет гола на Валенсија, а Столе спречи уште потежок срам! (ВИДЕО)
Иако поразот е секако убедлив, Димитриевски дефинитивно беше најдобар поединец кај Валенсија и спаси барем уште четири-пет сигурни гола. Кога Барселона ја тресеше мрежата, едноставно не можеше да направи ништо повеќе.
Ламин Јамал го отвори резултатот по само шест минути игра, се тресеше мрежата на Димитриевски и во деветтата минута, но тој гол беше поништен поради недозволена позиција. Барса сепак дојде до втор гол во првото полувреме преку Фермин Лопез.
По пет минути игра во вториот дел новиот капитен на каталонскиот гигант, Рафиња се погрижи за 3-0. За уште потежок пораз на Валенсија до крајот погоди и Педро, а втор гол постигна Јамал.
Така Валенсија го доживеа вториот пораз во првите три натпревари од сезоната и со еден бод се наоѓа на последното место на табелата.