Седлоски за средбите од Лигата на нации ќе ја повика и новата ѕвезда на Ц. Звезда!
Ова на денешниот брифинг го потврди селекторот Гоце Седлоски, говорејќи во суперлативи за 19-годишниот офанзивец, кој веќе почна да ги тресе мрежите во црвено-белиот дрес. Тој првиот погодок го постигна во триумфот над Јединство Ужице, а потоа настапи и во победата над Чукарички. Токму на оваа средба го одушеви новиот тренерот на белграѓани.
„Гаштаров одржа вистински мастерклас. Веројатно внимателно гледал како Круниќ игра на таа позиција – како се брани како стопер и како создава вишок во средината во улогата на „шестка“. Ако на некого треба посебно да му честитам, тоа е Гаштаров. Младите играчи многу брзо ги сфаќаат идеите, а тоа ме прави исклучително среќен“, изјави тогаш Риера.