Крај на едно блескаво патување: Вавринка се збогува од Гренд слем турнирите
Мечот во Њујорк траеше два часа и 47 минути. Првите два сета беа решени во тај-брејк, во кој Беретини беше посигурен во клучните моменти. Во третиот сет Италијанецот целосно ја презеде контролата и без загубен гем стигна до конечна победа.
За Вавринка ова беше 18-ти настап на УС Опен, но воедно и негов последен меч на еден Грен слем турнир. Швајцарецот претходно најави дека по завршувањето на актуелната сезона ќе стави крај на професионалната кариера. Вавринка зад себе остава исклучително успешна кариера, во која освои три Грен слем титули. Во 2014 година триумфираше на Австралија Опен, една година подоцна го освои Ролан Гарос, додека во 2016 година беше најдобар на УС Опен. Титулата во Њујорк во 2016 година ја освои со победа над Новак Ѓоковиќ во финалето. Десет години подоцна постоеше можност двајцата повторно да се сретнат на турнирот, но Ѓоковиќ беше елиминиран уште во првото коло.
Беретини со победата над Вавринка обезбеди пласман во второто коло, каде што ќе игра против Аргентинецот Маријано Навоне.