Струга ја наполни мрежата на Брегалница - убедлива победа!

Во мечот крај Охридското езеро, Струга со убедливи 4-0 ја победи Брегалница и ја забележа третата победа во петтиот меч од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Струга денеска беше многу подобар противник, особено во второто полувреме кога имаа максимална контрола на теренот.

Стружани победија со 4-0, а резултатот можеше да биде и многу повисок, но домаќините не реализираа повеќе шанси.

Резултатот рано беше отворен, погоди Малески уште во 14. минута, тоа беше единствениот гол во првото полувреме.

На самиот почеток од второто полувреме Малески повторно даде гол и ја дуплираше предноста на Струга.

Во 60. минута голем кикс на голманот Јашар кој го искористи Агама и го зголеми водството на 3-0. Веќе беше јасно кој ќе го добие овој натпревар.

Конечните 4-0 ги постави капитенот Буњамин Шабани со гол на 15 минути пред крајот на натпреварот.

По пет одиграни кола Струга има 10 бодови, Брегалница остана на шест.