И Рафаел Леао оди во Турција - падна договор!

Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао прави трансфер во Галатасарај, двата клуба постигнаа договор, а фудбалерот ги прифати условите на турскиот клуб.

Галатасарај на Милан ќе му плати 43 милиони евра плус 2 милиони евра во бонуси и 20 проценти од наредниот трансфер.

Во текот на утрешниот ден Лео треба да пристигне во Истанбул и да го комплетира трансферот.

Се чинеше дека Леао ќе ја одбере Астон Вила од која исто така имаше прифатлива понуда за Милан, но Португалецот се реши да игра во турското првенство, причината е поголемата плата која му ја понуди Галатасарај.