Меси го одигра најтешкиот меч - само неколку дена по смртта на татко му (ВИДЕО)
Тимот од Флорида поведе во 42. минута преку Даниел Пинтер, но Леон во продолжението направи целосен пресврт. Даниел Арсила двапати ја погоди мрежата на американскиот тим, а Хуан Пабло Домингез го постигна третиот погодок за мексиканскиот состав. Сепак, резултатот овојпат остана во втор план поради враќањето на Меси.
Аргентинската суперѕвезда влезе во игра на почетокот од второто полувреме и беше поздравена со голем аплауз од трибините. Тоа беше негов прв настап откако минатата сабота, на 68-годишна возраст, почина неговиот татко Хорхе Меси. Само неколку часа пред натпреварот, Меси преку емотивна објава се прости од човекот кој имаше огромно влијание врз неговиот живот и кариера, пишувајќи дека не знае како ќе продолжи без него.
Хорхе Меси со години беше една од најважните личности покрај аргентинскиот ас. Освен што го следеше практично во текот на целата кариера, тој беше негов агент и се грижеше за голем дел од неговите деловни интереси. И покрај тешкиот период низ кој минува, Меси реши да му помогне на Интер Мајами во обидот да избори продолжување на настапот во Лигс купот, но неговото присуство на теренот не беше доволно за пресврт.
ФОТО: X / @brfootball