Летонците оставиле хаос на Градски - скршен е и дел од инвентарот во соблекувалната (ФОТО)

Фудбалерите и стручниот штаб на Рига направиле голема штета во гостинската соблекувална на Градскиот стадион во Скопје, по синоќешниот натпревар против Вардар во второто квалификациско коло за Конференциската лига.

Како што може да се забележи од фотографиите, скршен е дел од инвентарот во соблекувалната, вклучувајќи ги клупите за масажа и некои од шакфчињата за фудбалерите. Очигледно ни хигиената не е силна страна на Летонците, па расфрлана е храна, вода и дел од опремата.

Во Вардар не го криеја своето незадоволство, па и бес од однесувањето на експедицијата на Рига и ги споредија Летонците со фудбалерите на Купс кои оставија максимално чиста соблекувална.