Египетски судија ги „олади“ сонародниците: Немаше ниедна судиска грешка во корист на Аргентина (ВИДЕО)
Иако нема ниедна релевантна потврда за ова тврдење, поради однесувањето на Египќаните сите се уверени дека тоа е точно. Една египетска телевизија се обиде да го поткрепи тоа со мислење на локалниот судија Мохамед Адел, но тоа што го слушнаа водителите на емисијата не им се допадна многу. Според Адел, победата на Аргентина била чиста како солза, а главниот судија завршил одлична работа.
„Сите судиско одлуки на натпреварот меѓу Аргентина и Египет беа коректни и не влијаеја на конечниот резултат. Голот на Мостафа Зико исто така беше оправдано поништен поради фаул на почетокот на нападот, Египет не требаше да добие пенал по стартот во противничкиот шеснаесетник пред третиот гол на Аргентина“, рече Адел.
Тој е судија повеќе од 25 години, значка на ФИФА има од 2018, а судел во Африканската лига на нации во сезоната 2018/19.