Тешка мисија е пред Вардар, КуПС носи два гола предност од Скопје (ФОТО+ВИДЕО)
Финците сосема заслужено ја однесоа победата бидејќи беа подобар противник во текот на целиот натпревар.
Вардар ретко се закануваше, единствената посериозна прилика во првото полувреме беше ударот на Закариќ од далечина во 15-тата минута, но и тој не создаде многу проблеми на голманот Креидл бдејќи одеше директно во него.
КуПС, иако констатно напаѓаше, сепак резултатот го отвори дури во самиот финиш од првиот дел. Французинот Брахим Магаса по нафрлувањето од десната страна со глава ја погоди мрежата на Талески.
Само што почна второто полувреме Купс постигна и втор гол, сега стрелец беше Амрах.
Во продолжение од натпреварот гостите сигурно ја контролираа играта и не дозволуваа Вардар да се врати во натпреварт. Работата за „црвено-црните“ беше дополнителна отежната кога Босанчиќ во 71. и 74. минута набрзина заработи два жолти картони и предвреме го заврши натпреварот.
Реваншот во Финска се игра за седум, а таму Вардар ќе треба да надополни два гола негатива.




