Mбапе одби да се поздрави со голманот на Парагвај, па тој го удри со топка (ВИДЕО)
Франција обезбеди пласман во четвртфиналето благодарение на голот на Килијан Мбапе од пенал, но натпреварот беше исполнет со остри дуели, провокации и многу нервоза.
Тензиите беа присутни речиси при секој напад, а судијата од Узбекистан не успеа целосно да ја стави средбата под контрола.
По последниот судиски свиреж, Мбапе, кој во текот на натпреварот неколкупати беше мета на груби стартови, удари со лакт и газење со копачки, одби да се поздрави со голманот на Парагвај, Орландо Гил.
Младиот чувар на мрежата му подаде рака на францускиот напаѓач, но Мбапе, очигледно револтиран од однесувањето на противничките фудбалери во текот на натпреварот, не сакаше да го возврати поздравот.
Таквата реакција очигледно го изнервира Гил, кој наместо ракување ја удри топката кон Мбапе и го погоди во грб.