Роналдо како капитен влегува на шестиот Мундијал (ФОТО)
Тој е и капитен на тимот во дуелот против Конго со кој португалската репрезентација го почнува походот кон титулата со која Роналдо би можел да ја круниса спектакуларната кариера. Португалија има фантастичен среден ред, но целото внимание повторно ќе биде насочено кон фудбалерот на Ал Наср кој денеска го почнува својот шести шампионат во кариерата.
Ако постигне гол, ќе се запише во листата на стрелците по уште еден параметар - ќе стане првиот фудбалер во историјата кој барем еднаш тресел мрежа на шест светски првенства.
