Обложувач на Мундијалот ризикувал богатство за да добие 16.000 долари! (ФОТО)

Германија ја оправда фаворитската улога против селекцијата на Курасао славејќи победа со 7-1, а eден обложувач на овој дуел вложил неверојатни 730.000 долари.

Имено на социјалните мрежи се појави фотографија на која може да се види дека тој ризикувал огромна сума за да добие околу 16.000 долари играјќи Германија да не го загуби дуелот против аутсајдерот.

Секако, Германците беа огромен фаворит и се освен нивна победа ќе беше еднакво на првокласна сензација, меѓутоа сигурно не му било сеедно кога малата карипска селекција израмни.

Фаворитот рано уште во шестата минута го отвори резултатот со голот на Нмеча, меѓутоа Курасао во 21. минута кратко се ослободи од притисокот и го постигна својот прв гол на Мундијалите за 1-1.

До крајот Германците сепак постигнаа уште шест гола за најубедливата победа досега на Светското првенство.