Манчестер сити ќе тужи по шпекулациите дека Халанд се сели во Реал Мадрид!

Поранешниот англиски и европски шампион Манчестер ги демантираше шпекулациите дека Ерлинг Халанд ќе се пресели во Реал Мадрид, откако кандидатот за претседател Енрике Рикелме најави преселба на норвешкиот голгетер во Шпанија.

Од клубот порачаа дека информациите кои се појавија во шпанските медиуми не се точни и дека не постои клаузула во договорот на Халанд која ќе му овозможи трансфер во Реал Мадрид.

„Приказните кои се појавија во Шпанија во врска со иднината на Халанд не се точни. Нема никаква можност тоа да се случи и не постои клаузула што би го овозможила тоа“, соопштија од гигантот.

Дополнително, „граѓаните“ најавија дека размислуваат за правни чекори и тужба поради користење на името на нивниот клиент во претседателската кампања во Мадрид.

Фото: Manchester City/Facebook