Само неколку дена пред смртта Авдиќ имаше интервју - Нуркиќ му откри шокантни детали! (ВИДЕО)
Авдиќ важеше за голем познавач на кошарката и за многумина на овие простори омилен, а почина на само 16 дена пред својот 48 роденден.
Нуркиќ само неколку дена пред трагичната смрт гостуваше во неговиот поткаст „X&O Chat" каде што откри многу непознати работи од својата кариера, а интервјуто беше пренесувано како ексклузива и во најголемите медиуми во САД.
Во разговорот Нуркиќ меѓудругото откри дека неговиот поранешен тренер во Денвер, Мајк Буденхолцер бил алхоличар.
„Не знам дали треба ова да го кажам ова, но човекот беше зависник од алкохол. Навистина имаше проблеми со тоа.
Буквално му објаснуваше на Кевин Дурент како да постигне кош. Ако тоа ми го кажуваше мене, или на Гордон Хејворд, Ројс О’Нил, Грејсон Ален, па добро, но да му објаснуваш на Кевин Дурент како се постигнува кош? Тоа е како да му објаснуваш на пилот како се управува авион.
Закажуваше состаноци еден на еден, само за да провоцира луѓе. Му велеше на Бредли Бил, на Грејсон Ален: „Немаш поим, мораш да бидеш ова, мораш да бидеш она...“ Седиш таму и не можеш да поверуваш што слушаш“, искрено зборуваше Нуркиќ пред Авдиќ.