Познати се деталите за повредата на Меси која ја загрижи цела Аргентина!

Лионел Меси се повреди на последниот натпревар на Интер Мајами, тој предвреме го напушти теренот, а тоа ги загрижи аргентинските навивачи во пресрет на Светското првенство.

Но, информациите се позитивни, повредата на Меси не е сериозна и тој ќе биде дел од Светското првенство.

Интер Мајами објави дека првичните тестови покажале дека се работи за истегнување на левиот бутен мускул. Тие потенцираа дека неговото враќање ќе зависи од напредокот во рехабилитацијата.

Аргентинскиот весник „Ла Насион“ и други медиуми објавија дека на Меси ќе му требаат десетина дена за да се опорави од повредата. 

Светското првенство почнува на 11 јуни, а Аргентина првиот меч го игра дури на 17 јуни против Алжир. Тоа е доволно време за Меси да биде фит.